The boy who cried wolf Macedonian ( Овчарчето и волкот )

Aesop

Reading Level: 2-3



Book Description

This is a free illustrated e-book containing the story of the shepherd boy and wolf in Macedonian. The story in Macedonian is as follows: Си било едно овчарче, кое постојано го носело своето стадо да пасе трева блиску до големата шума. Постојано бил сам на пасиштето, немал со кого да разговара или да се насмее. Единствената занимација што ја имал, е да си игра со неговото куче и да свири со кавалот. После некое време работата почнала да му станува многу досадна и пробал да смисли начин како да му биде поинтересно. И така, еден ден додека неговите овци мирно паселе, овчарчето почнало да размислува што би се случоло ако од шумата се појави волк. Овчарчето помисли дека ако се појави волк, ќе мора да ги вика селаните на помош за да го избркат. Иако немаше никакви траги од волк наоколу, овчарчето почна да вика на сиот глас дека доаѓа волк. “Воолк!, Воолк!,” викаше на сиот глас и чекаше да види дали селаните ќе дотрчаат да му помогнат. Селаните одма дотрчаа да му помогнат на овчарчето. Кога стигнаа на пасиштето го најдоа овчарчето како се кикоти и им се потсмејува дека ги излажал. После неколку денови овчарчето пак почна да прави лажна паника и да вика, “Воолк!, Воолк!” И овој пат селаните дотрчаа да му помогнат. Кога стигнаа на пасиштето, видоа дека овчарчето пак ги лаже и се мајтапи со нив. Но, еден ден кога сонцето почна да заоѓа, навистина се појави волк од шумата и ги нападна овците од стадото. Овчарчето исплашено почна да трча кон селото и да вика “Воолк!, Воолк!” Ама селаните мислеа дека пак ги лаже и не сакаа да слушаат што им кажува. Овчарчето во солзи ги молеше да му помогнат и велеше дека волкот зел многу овци од стадото. Но никој од селаните не му веруваше.







Log in to write your own review



REVIEWS

No book reviews as yet.


Log in to write your comments



COMMENTS

No comments as yet.


Log in to write your story

STORIES

No stories as yet.


Log in to submit your image



DRAWINGS AND IMAGES

These are the images or drawings related to the book sent by our users. If you would like to submit drawings and images, use the form above.


No images or books as yet.


No sheets as yet.