The Lion and the Mouse in Macedonian (Лавот и Глушецот)

Aesop

Reading Level: 1-3



Book Description

This illustrated e-book contains the story of lion and mouse in Macedonian language. The book is available free of cost and you can download and print the book. The story in Macedonian is as follows: Еден ден Лавот си спиеше во шумата. Убаво задреман, си ја потпираше главата на неговите шепи. Оддеднаш, неочекувано помина еден мал Глушец. Кога Глушецот виде дека поминува блиску до Лавот многу се уплаши. Во брзање да избега подалеку, Глушецот во паника, несакајќи го згазна носот на Лавот. Лавот се разбуди. Беше многу лут и силно удри со шепата. Го фати Глушецот и сакаше да го убие затоа што го разбуди од слаткиот сон. „Не ме убивај! Поштеди ме,“ молеше Глушецот. „Те молам пушти ме да си одам и еден ден ќе ти вратам за добрината,“ му рече Глушецот. Лавот се зачуди. „Види колку си малечок, јас сум многу посилен од тебе. Како може ти да ми помогнеш?“, му одговори Лавот. Ама сепак, Лавот беше добар и го пушти Глушецот да си оди. Неколку дена подоцна, додека Лавот го бркаше неговиот плен, се фати во ловџиска стапица. Лавот се бореше да се ослободи од стапицата, но остана заплеткан во мрежата. Почна силно да урла. Целата шума се тресеше од неговиот урлик. Глушецот го препозна гласот од Лавот. Знаеше дека на Лавот е во невоља и побрза да го најде. Кога Глушецот го најде Лавот, одма се искачи по мрежата и почна да го гризе главното јаже што ја држеше мрежата. Гушецот гризеше и гризеше со неговите остри заби, јажето се скина и Лавот се ослободи од мрежата. Тогаш Глушецот му рече на Лавот: „Дали паметиш дека ми се смееше кога ти реков дека еден ден за твојата добрина и јас ќе ти вратам со добро. Сега гледаш дека и малиот глушец може да му помогне на големиот лав.“







Log in to write your own review



Reviews

No book reviews as yet.


Log in to write your comments



Comments

No comments as yet.


Log in to write your story

Stories

No stories as yet.


Log in to submit your image



Drawings and Images

These are the images or drawings related to the book sent by our users. If you would like to submit drawings and images, use the form above.


No images or books as yet.


No sheets as yet.