The owl and the grasshopper in Macedonian (Бувот и штурецот)

Aesop

Reading Level: 1-3



Book Description

This illustrated e-book contains the classic Aesop fable, the owl and the grasshopper, in Macedonian. The story is as follows: Бувот е интересна птица, спие преку ден, а се буди навечер. Кога ќе се разбуди, бувот излегува од неговото дувло во дрвото, застанува на гранка, ги растресува пердувите и ги отвора неговите големи светли очи. И така секоја ноќ. Кога бувот ќе се разбуди почнува да прави чудни звуци во шумата „хууу-хууу-уу-уу“ и тргнува да бара храна, да лови бубачки, жаби и глувци. Си беше еден стар Був. Колку повеќе старееше, толку стануваше понервозен. Тој најмногу се нервираше ако некој му смета додека спие. Еден убав сончев ден, додека Бувот спиеше, кај неговото дрво се појави Штурецот и почна силно да пее. Бувот се разбуди, излезе од неговаата дупка во дрвото и налутено му се развика на штурецот. „Бегај одовде господине Штурец! Какво воспитание е тоа? Треба да ги почитуваш моите години и да ме оставиш мирно да спијам!“ Штурецот му одговори дека има право да си пее колку што сака. „Ако ти имаш право да спиеш внатре во дрвото, jас имам право да пеам под сонцето,“ му рече Штурецот и почна уште посилно да пее. На Бувот му беше јасно дека нетреба да се расправа, бидејќи на Штурецот не му е гајле. Исто така, Бувот знаеше дека неговите очи не гледаат добро преку ден и нема да може лесно да го улови Штурецот. Затоа, Бувот сосема го промени односот кон Штурецот. Наместо да му вика и да го кара, Бувот почна да му ласка и да му дава комплименти на Штурецот. „Е па добро господине Штурец, ако веќе мора да сум буден тогаш ќе си седнам тука и ќе уживам во твојата убава песна. Додека ти пееш јас ќе си пијам убаво вино. Ако сакаш може и ти да пробаш од виново, ќе ти помогне да пееш уште поубаво и посилно. Целата шума ќе може да ја слушне твојата убава песна.“ Будалестиот Штурец се занесе од убавите зборови и му поверува на Бувот. Скокна блиску до Бувот да се напие од неговото вино и кога дојде доволно блиску до него, Бувот го сплеска и го изеде.







Log in to write your own review



Reviews

No book reviews as yet.


Log in to write your comments



Comments

No comments as yet.


Log in to write your story

Stories

No stories as yet.


Log in to submit your image



Drawings and Images

These are the images or drawings related to the book sent by our users. If you would like to submit drawings and images, use the form above.


No images or books as yet.


No sheets as yet.