Сестра Лиска и сукалото

Translated by AMukoska



Book Description

Sister Fox and the Rolling pin in Macedonian







Log in to write your own review



Reviews

No book reviews as yet.


Log in to write your comments



Comments

No comments as yet.


Log in to write your story

Stories

Sister Fox And The Rolling Pin (Macedonian) by anadhillon
Сестра Лиска и сукалото Еден ден, сестра Лиска си шетала низ шумата и нашла едно сукало. Го зела сукалото и си продолжила по патот. По некое време стигнала до селото и тропнала на вратата од една селска колиба. „Троп-троп, троп-троп." „Кој е? Кој тропа?" „Јас сум, сестра Лиска. Ве молам отворете ја вратата и пуштете ме да преноќам вечевра во вашата колиба.“ „Многу сме, нема место за тебе.“ „Нема да ви зафатам многу простор. Ќе си легнам на една клупа, ќе си ја свиткам опашката и ќе го ставам моето сукало под шпоретот на дрва." И така, ја пуштија сестра Лиска да влезе во колибата. Како што им рече, таа си легна на една клупа, си ја свитка опашката и го стави сукалото по шпоретот на дрва“. Многу рано, уште пред да изгее сонцето, Лиска си го изгоре сукалото во штопретот на дрва и почна да плаче на сиот глас. „Леле сте ми го изгореле сукалото! Дајте ми сега едно пиле за возврат“. Селаните немаа што прават и и дадоа пиле на Лиска за да и се оддолжат за изгореното сукало. Сестра Лиска го зема пилето и си замина пеејќи по патот, „Еден ден лисицата си шетала и види! Си нашла сукало и го заменила со кокошка.“ Наскоро стигнала во друго село „Троп-троп, троп-троп.“ „Кој е? Кој тропа?“ „Јас сум, сестра Лиска. Ве молам отворете ја вратата и пуштете ме да преноќам вечевра во вашата колиба.“ „Многу сме, нема место за тебе.“ „Нема да ви зафатам многу простор. Ќе си легнам на една клупа, ќе си ја свиткам опашката и ќе го ставам моето пиле под шпоретот на дрва.“ И така, ја пуштија сестра Лиска да влезе во колибата. Како што им рече, таа си легна на една клупа, си ја свитка опашката и го стави пилето под шпоретот на дрва“. Сестра Лиска се разбуди тивко, пред да изгрее сонцето, го грабна пилето, набрзина го изеде и потоа почна да вика: „Што направивте со моето пиле? Дајте ми гуска за возврат.“ Сестра Лиска го зема пилето и си замина пеејќи по патот, „Еден ден лисицата си шетала и види! Си нашла сукало и го заменила со кокошка.“ Наскоро стигнала во друго село „Троп-троп, троп-троп.“ „Кој е? Кој тропа?“ „Јас сум, сестра Лиска. Ве молам отворете ја вратата и пуштете ме да преноќам вечевра во вашата колиба.“ „Многу сме, нема место за тебе.“ „Нема да ви зафатам многу простор. Ќе си легнам на една клупа, ќе си ја свиткам опашката и ќе го ставам моето пиле под шпоретот на дрва.“ И така, ја пуштија сестра Лиска да влезе во колибата. Како што им рече, таа си легна на една клупа, си ја свитка опашката и го стави пилето под шпоретот на дрва“. Сестра Лиска се разбуди тивко, пред да изгрее сонцето, го грабна пилето, набрзина го изеде и потоа почна да вика: „Што направивте со моето пиле? Дајте ми гуска за возврат.“ Така, Сестра Лискаси си доби гуска и замина на пат, пеејќи „Еден ден лисицата си шетала и види! Си нашла сукало и го заменила со кокошка, а кокошката ја заменила за гуска.“ Пред да се стемни Лисицата дошла до трето село. „Троп-троп, троп-троп.“ „Кој е? Кој тропа?“ „Јас сум, сестра Лиска. Ве молам отворете ја вратата и пуштете ме да преноќам вечевра во вашата колиба.“ „Многу сме, нема место за тебе.“ „Нема да ви зафатам многу простор. Ќе си легнам на една клупа, ќе си ја свиткам опашката и ќе го ставам мојата гуска под шпоретот на дрва.“ И така, ја пуштија сестра Лиска да влезе во колибата. Како што им рече, таа си легна на една клупа, си ја свитка опашката и ја стави гуската под шпоретот на дрва“. Кога почна да се разденува, Сестра Лиска се разбуди и скокна, ја грабна гуската, набрзина ја изеде и потоа почна да вика: „Што направивте со мојата гуска? Дајте ми едно од вашита девојчиња за возврат.“ Но, селаните несакале да дадат едно од нивните девојчиња на Лисицата. Наместо девојче, тие ставиле големо куче во една вреќа и и ја дале на Сестра Лиска. „Еве ти го девојчето, Сеста Лиске“, рекле селаните. Така, Сестра Лиска ја зела вреќата, тргнала на пат и рекла: „Запеј ми песна девојченце.“ Кучето во вреќата почна силно да лае. Сестра Лиска толку многу се уплаши, што ја фрли вреќата и избега. Кучето излезе од вреќата и почна да ја брка Лисицата. Лисицата трчаше со сета сила и најде една дупка да се скрие од кучето. Се пикна во дупката и си рече: „Вие уши, каква корист имам од вас?“ „Ние цело време се трудиме да слушаме.“ „Вие нозе? Што правевте вие?“ „Ние цело време трчавме со сета сила.“ „Вие очи, што правевте?“ „Ние цело време гледаме.“ „А ти опашко. Ти што правеше?“ „Јас цело време ти се плеткав околу нозете додека трчаше.“ „Аха, значи така, ми го препречуваше патот. Е сега гледај што ќе ти направам.“ Лисицата ја извади нејзината опашка од дупката. „Еве куче, држи изеди ја мојата неумна опашка.“ Кучето ја грабна големата опашка на Сестра Лиска и почна да ја трга.




Log in to submit your image



Drawings and Images

These are the images or drawings related to the book sent by our users. If you would like to submit drawings and images, use the form above.


No images or books as yet.


No sheets as yet.